5 намирници кои се штетни по хормоните, а често со нив претеруваме

Здравјето е нешто непроценливо, а еден од чекорите за да се постигне совршено здравје и функционирање на организмот секако е исхраната.

Понекогаш не сме свесни каква храна јадеме, колку консумираме храна која е полна со адитиви, хемикалии и нездрави состојки.

Несоодветната исхрана може негативно да влијае на хормоните, да ја загрози нивната рамнотежа и со тоа негативно да влијае на здравјето на жената.

Еве 5 намирници кои ги оштетуваат вашите хормони:

Неоргански производи

Квалитетот на храната и од каде доаѓа е исклучително важен, бидејќи неорганската храна може да содржи дополнителни хормони, хемикалии и антибиотици. Сите овие токсини и пестициди негативно влијаат на рамнотежата на хормоните и целокупното здравје. Ова особено важи за месото кое не е од органско потекло (пилешкото често содржи дополнителни хормони).

Шеќер

Урамнотежениот внес на протеини, масти и јаглехидрати е од суштинско значење за здравјето. Но, доколку консумирате бел шеќер, и тоа во зголемени количини, тоа може да доведе до отпорност на инсулин, но и до хормонален дисбаланс.

Бел леб

Освен што содржи глутен, белото брашно и јаглехидратите што ги содржи доведуваат до дебелеење, а со тоа и до хормонален дисбаланс, што исто така негативно влијае на функционирањето на надбубрежните жлезди и тироидната жлезда.

Млечни производи

Во големи количини можат да предизвикаат иритација и воспаление на цревата и содржат остатоци од антибиотици и хормони кои го поттикнуваат растот на животните, доколку се од неорганско потекло. Од друга страна, млечните производи содржат хормони од други цицачи кои се различни од нашиот хормонски систем, што може да предизвика конфузија во нашето тело. Доколку оваа храна ви ја нарушува хормоналната рамнотежа, акните може да се појават како симптом.

Соја

Може да го оштети естрогенот со блокирање на неговото врзување за рецепторите. Исто така, негативно влијае на другите хормони, особено на тестостеронот поради покаченото ниво на естроген. Со прекумерна употреба на соја, постои инхибиција на тироидната жлезда. Мора да бидете особено внимателни со употребата на соја бидејќи сојата е една од најчестите генетски модифицирани култури, содржи пестициди кои се неповолни за организмот.