Доколку сте во фаза на чувство на „заглавување“ во вашето тело, знајте дека не сте единствените и дека ви треба промена во пристапот што ќе ве доведе до посакуваната цел.
Ако се прашувате како да ослабете бидејќи тежината на вагата со денови не се поместува, тоа е нешто што лесно се решава доколку на работите гледате од реална перцепција.
Така, наместо да се фокусирате на внесување помалку калории, треба да се обидете да го забрзате метаболизмот и лесно ќе го согорите вишокот калории.
Ако веќе сте на режим, веруваме дека ја заборавивте пекарата близу работа и го збогативте појадокот со посреќни алтернативи. Сепак, фактот дека не слабеете како што сте очекувале, може да се крие во лошите навики кои ги имате.
Во продолжение дознајте дали некои од овие лоши навики се вашата секојдневна рутина.
- Прескокнување оброци
Прескокнувањето оброци може да го шокира метаболизмот, што предизвикува несакани ефекти. Колку подолго има пауза помеѓу оброците, во телото почнуваат да се одвиваат различни процеси со кои телото го компензира недостатокот на храна. Имено, почнува да штеди калории за црните денови. Кога конечно ќе изедете нешто после долго време, телото ќе се сети дека долго време е без храна, па превентивно ќе почне да складира повеќе калории. Тоа е она што го успорува метаболизмот. Најважно е да не го прескокнувате појадокот и да го започнете денот со здрав и обилен оброк.
- Не консумирате доволно пробиотици
Веројатно сте слушнале многу реклами за пробиотици или производи кои содржат бактерии за да промовираат подобра функција на дигестивниот тракт. Воведувањето на пробиотиците во исхраната е важно бидејќи придонесуваат за работата на цревата, односно преку нив внесувате добри бактерии кои го забрзуваат метаболизмот и го неутрализираат дејството на лошите бактерии чие присуство во цревната флора всушност доведува до запек.
- Недостаток на сон
Недостатокот на сон има големо влијание врз дигестивните процеси. Лошиот сон доведува до забавување на метаболизмот, што може да направи да се чувствувате слабо и тромо, а тоа ќе влијае и на вашата тежина. Кога спиеме малку, доаѓа до нарушување на работата на хормонот кортизол, кој почнува да го храни вишокот маснотии во телото. Затоа е многу важно секој ден да спиете од 7 до 8 часа.
- Не консумирате храна која е богата со омега 3
Групата намирници која содржи омега 3 масни киселини го поттикнува лачењето на лептин – хормон кој има најголемо влијание на метаболичките процеси во организмот, што доведува до забрзување на дигестивниот систем. Затоа е многу важно редовно да се консумираат омега 3 масни киселини, чија концентрација е најголема кај рибите како лососот и туната. Неодамнешните истражувања покажаа дека пиењето ладна вода пред и после јадење овие риби може да го поттикне телото да согорува дури 400 калории дневно. Доколку не сте љубител на туна или лосос, можете да земате и омега 3 во форма на таблети.
- Избегнувате вежби
Мускулите имаат големо влијание врз согорувањето на калориите, бидејќи тие користат многу повеќе калории отколку маснотии во текот на денот. Колку подобра мускулна маса имате, толку повеќе калории ќе согорите, дури и во мирување. Најбрзиот начин за градење мускули се вежбите за сила, а тоа ќе придонесе и за здравјето на вашите коски. Резултатите ќе ги почувствувате многу брзо, бидејќи вежбањето ќе влијае на вашето целокупно здравје и сила, кои ќе бидат на повисоко ниво.