Поврзи се

4NEWS.mk

Ахмети: Заев лаже, сите знаат дека тој ме молеше мене, јас го направив премиер

Published

on

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во предизборен настап пред гостиварци рече дека цел свет знае дека тој  бил клучниот фактор Зоран Заев, поранешниот премиер да ја добие таа функција.

-Текстот продолжува по рекламата-

– Јас не сум политичар кој што тоа што го зборува на сабајле не го кажува навечер. Тој и се предомислува, зошто го познавам, но не прави добро затоа што така ги иритира Албанците, го стеснува просторот за партнерство. Јас сакам да победат затоа што сме ги почнале овие работи кои не се лоши, но со тоа што го прави тој го стеснува просторот за комуникација и на заедничко делување – рече вчера Али Ахмети од Гостивар.

Ахмети му порача на Заев дека му ги знае сите слабости, но тој не е како него да зборува јавно, тоа не е машки, рече Ахмети и додаде дека Заев го молел за да го направи премиер.

– Не ми личи мене да излезам и да зборувам за неговите слабости. Тоа не е машки, секако во текот на некое партнерство, комуникација, соработка за овие 20 години јас знам слабости и доблести за сите. Не е машки да се зборува. Тоа е затворено поглавје, завршена приказна. И тој лаже, сите знаат дека тој ме молеше мене и јас го направив премиер. Ова е вистината, целиот свет ја знае – додаде лидерот на ДУИ.

Тој на собирот додаде дека и претседателот на државата Стево Пендаровски ја има таа функција, благодарение на ДУИ.

– И овој претседател, за кој со целото срце се ангажиравме, беше и пред пет години кандидат, но изгуби. После пет години се обединивме и тој победи и јас му посакувам успех и здравје за да работи за доброто на граѓаните. Но, што ги вознемирува и што им предизвикува таква паника кандидатот за премиер, никогаш не би ми паднало на памент. Сите во паника се исплашени дека ќе ја земеме државата. Нема како да ја земеме, тука ќе биде државата – порача Ахмети.

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Македонија

„СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, завршена работа“ – Лала: Ахмети ќе попушти за премиер Албанец

Македонија

Алтернатива бара ДУИ да оди во опозиција – ако сите албански партии влезат во власта, Беса ќе оди во опозиција?!

4NEWS.mk

СДСМ и ДУИ заглавија на премиерската позиција, ВМРО-ДПМНЕ работи на обезбедување мнозинство

Македонија

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК

4NEWS.mk

Рудар од Танзанија стана милијардер преку ноќ

Македонија

Учебната година ќе почне на 1-ви септември – Адеми: Владата сака учениците да се вратат во училиште

4NEWS.mk

Настава во училиште од 1-ви септември, со поддршка од родителите и наставниот кадар

4NEWS.mk

Утре Комисијата за заразни болести и МОН ќе прецизираат за учебната година

4NEWS.mk

25 годишник во повеќе наврати силувал 13-годишно девојче

4NEWS.mk

Клековски гостин во вестите: Која коалиција е најизвесна и под кои услови?

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“