Андоновски: Нема информација до каде е случајот „Онкологија“, буџетот е зголемен за 50 отсто

Заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски во одговор на пратенички прашања изјави дека нема информација до каде е случајот „Онкологија“, но буџетот на Клиниката е зголемен за 50 отсто и лекови ќе има за сите болни. Тој додаде дека е направена и стратегија за децентрализација на услугите, па на пациентите ќе им бидат на располагање болниците во Тетово, Штип, Битола и скопската „8 Септември“. Андоновски во одговор напомена дека новата Влада ја затекна Клиниката за онкологија со 12 милиони евра долг, катастрофална инфраструктура  и недостиг на лекови повеќе месеци наназад. -Министерството за здравство до вчера нема добиено официјална информација до каде е процесот за случајот „Онкологија“ кој се уште е во тек. Освен недостиг на лекови по повеќе месеци, на Клиниката затекнавме и давање биолошка терапија без стручен колегиум. Сега, откако е сменет директорот, најдоговорно тврдам дека за каков било лек ќе има постојано заседавање на стручниот колегиум и во идниот период нема да дојде до никаков недостиг на лекови или набавка на лекови откако ќе бидат завршени тендерите и без постапки за јавни набавки. Директорот работи на целосно утврдување на сите пациенти. Поради преголемиот наплив на болни, направена е стратегија за децентрализација на услугите, пациентите ќе можат да одат во болниците во Тетово, Штип, Битола и „8 Септември“ за побрзо да дојдат до услуга и да не патуваат, истакна Андовски. Прашањето на собраниска седница го постави Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ која по одговорот на заменик министерот изрази уверување дека одговорност за „Онкологија“ ќе има. 
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното