АП: Вучиќ на прес конференцијата лидерите на опозицијата ги нарече фашисти, хулигани и лопови

Агенцијата Асошиејтед прес пишува дека претседателот на Србија Александар Вучиќ ветува дека ќе го задржи редот и мирот во земјата, но во текот на денешното обраќање неколку пати лидерите на опозициските партии ги нарече „фашисти, хулигани и лопви“.

Обраќањето на Вучиќ следуваше по синоќешниот упад во зградата на јавниот сервис, со што беше искажан револт за како што велат автократската Влада, пишув АП.

Агенцијата додава дека за време на прес конференцијата на Вучиќ, стотина демонстранти се наоѓаат пред зградата, барајќи негова оставка. АП додава дека има немири, но тука е полицијата и жандермеријата, а демонстрантите имаат формирано жив ѕид со што спречуваат Вучиќ да ја напушти зградата.

Демонстрантите бараат оставка од Вучиќ, регуларни избори и слобода на медиумите.

Извор: ТВ21