Беџети ги решил сите предмети, само „Таргет – Тврдина“ го чувал во фиока: Апелација не се оправда пред Судски совет

Судскиот совет денеска го разгледуваше извештајот од работната посета на Апелационен суд скопје кој требаше да треба да даде одговор за постапувањето на Aпелација по предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“.

Според нив, судечката петорка од Апелација не го оправдала чувањето на „Таргет Тврдина“ во фиока.

Еден од членовите на советот, Тања Чачарова-Илиевска истакна дека нема оправдување што девет месеци не била донесена одлуката од страна на Апелација. Со тоа судиите создале услови за застарување на постапката, што е сериозна повреда на Законот за кривична постапка.

Работната група побарала од судијата известител за случајот, Енвер Беџети информации за текот на постапката каде утврдиле дека Беџети ги решил сите предмети од висок јавен интерес, но предметот за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков го чувал во фиока, односно тој бил единствен што не го решил.

„Како причини за оваа состојба беа наведени големиот број на предмети и тоа вообичаено тешки предмети од висок јавен интерес кој според АКМИС му биле распоредени на судијата известител. Тоа е видно и од уписникот, го проверивме. Неспорен е фактот дека нормата месечна ја исполнувал, но она што го констатиравме дека од сите предмети кои му биле распоредени во работа на судијата известител, од итен караректе и висок јавен интерес единствено „Таргет-тврдина“ е незавршен предмет. И покрај тоа што имал голем обем на работа, тој има завршувано предмети со понов датум, дури и дадени предмети од 2022 година“, рече Тања Чачарова-Илиевска.

Исто така, Беџети користел и боледување за кое засега нема образложение колку време се одвувало, а имал и побарано од претседателката на судот да не му се распоредуваат предмети бидејќи имал дополнителен ангажан во комисија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното