Белата куќа денес ги обвини демократите од Претставничкиот дом на Конгресот дека денес ги објавиле е-поштите на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн со цел да му наштетат на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Демократите селективно ги објавија е-поштите во либералните медиуми за да создадат лажен наратив со цел да го оцрнат угледот на Трамп“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, според Ројтерс.
Демократските членови на Комитетот за надзор и реформи на Претставничкиот дом на САД денес ги објавија е-поштите на Џефри Епштајн во кои тој наводно го споменува американскиот претседател, истакнувајќи дека „секако дека знаел за девојките“ и дека жртвата поминала часови во неговата куќа.
Белата куќа ги обвини демократите дека ги објавиле е-поштите на Епштајн за да му наштетат на Трамп