Белград: Уапсени неколку лица поради упадот во РТС и протестите по улиците

Министерството за внатрешни работи на Србија, идентификуваше и уапси неколку лица под сомнение дека сториле кривични дела, по вчерашниот упад во зградата на РТС, и по повод протестите кои се случија синоќа во главниот град на нашиот северен сосед.

„Под сомнение дека синоќа влегле со моторна пила во зградата на РТС и мавтале со неа пред вработените во оваа медиумска куќа уапсени се M.Ќ. (1977) и М.П. (1976). Полицијата, исто така, го уапси и УС. (1994), кој е осомничен дека минатата ноќ скршил стаклото на влезот на зградата на Радио Телевизија Србија “, се вели во соопштението.

Полицијата објави дека АН (1984), В.Ј. (1976) и М. М. се уапсени за напад на овластено службено лице.

„Приведен е и С.С. (1992), кој е осомничен дека денеска (недела, 17 март), на аголот на улиците кралот Милан и принцот Милош физички нападнал полицаец“, велат од српското МВР.

Извор: ТВ21