Блумберг: САД размислуваат за изградба на воена база за 10.000 војници во близина на Појасот Газа

Американската војска ја разгледува можноста за изградба на привремена воена база во близина на Појасот Газа, со капацитет за 10.000 војници, како дел од планот за формирање меѓународни сили кои би го следеле примирјето меѓу Израел и Хамас, дознава Блумберг врз основа на планот до кој имал пристап.

Според барањата на американската морнарица, испратени до список на избрани изведувачи, се бара проценка на трошоците за „привремена, самоодржлива воена база способна да поддржи 10.000 лица и да обезбеди 10.000 квадратни метри канцелариски простор за период од 12 месеци“.

Според американски функционер, барањето претставува рана фаза од планирањето за можна база во јужен Израел, наменета за меѓународни сили за стабилизација.