Бугарија пријави епидемии на високопатоген вирус на птичји грип на три фарми во јужниот дел од земјата, објави Светската организација за здравје на животните.
Во соопштението се наведува дека вирусот на птичји грип H5N1 е откриен на три фарми со вкупно 28.000 птици, претежно патки, во јужниот бугарски град Раковски, објави Ројтерс.
Птичјиот грип ги опустоши фармите низ целиот свет во последните години, прекинувајќи ги снабдувањата и зголемувајќи ги цените на храната.
Инаку, македонската Агенција за храна и ветеринарство донесе решенија со кои се забрани увоз и транзит на живи животни и прехранбени производи од живина од неколку земји меѓу кои и Бугарија.
Птичјиот грип може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина.