Парламентот на Бугарија в среда на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Се очекува на ратификацијата на протоколот да присуствува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.
Претседателот на Комисијата, генерал Константин Попов изјави дека Северна Македонија може да смета на целосна поддршка и соработка од Бугарија на патот кон полноправно членство во НАТО.