Бугарските историчари се жалат дека нивните македонски колеги ја кочат работата на комисијата за историски и образовни прашања. Последнивте две средби, вели претседателот на бугарскиот тим Ангел Димитров, биле без резултати, токму поради непопустливоста на македонската делегација. Тој посочува дека проблем во прегворите не е само Гоце Делчев, туку и другите теми од помодерната историја
Не е само Гоце Дечев, тоа е е само пример на големите спорови во интерпретација на минатото. Нашите колеги постојано бегаат од темата на Илиденското Востание.
Димитров бара комисијата да се состанува почесто, со агенда и рамка која ке донесе конкретни резултати. Тој им префрла на колегите од Македонија дека не го разбрале Догворот за доброседство и не сакаат да работат тој да се исполни. Следната средба на комисијата е закажана за 15-ти октомври, а премиерот Борисов апелираше таа да се одржи и порано. Од македонскиот експертски тим не го коментираат ставот на бугарскиот преставник во комисијата , ниту пак заканите кои вчера пристигнаа од државниот врв во Софија. Претседателот Радев по консултативната средба на највиосоко ниво, порача дека процесот на интеграција на Македониај во ЕУ ке биде директно условен со напредокот во работата на мешовитата комисија за историски и образовни прашања.