Дали вашите прекрасни бели завеси веќе не се бели? Еве што ви треба за повторно да заблескаат

Сигурно сте пробале бројни средства за да ја вратите првобитната белина на вашите завеси.

Но, сончевото зрачење, готвењето или евентуално пушењето во домот се фактори кои влијаат тие да посиваат, а стандардните детергенти не помагаат.

Но, постои едноставен трик со кој вашите завеси повторно ќе заблескаат снежно-бели.

Доволно ви е само оцет, а тоа е алкохолно. Во машината заедно со завесите, во барабанот, ставете половина чаша алкохолен оцет, а во горниот дел стандардниот детергент што го користите. Тие ќе излезат целосно бели. На ист начин, можете да избелите сиви крпи, постелнина или чаршафи.

Не грижете се за мирисот, тој целосно ќе исчезне при миењето, пишува Good Housekeeping. Покрај тоа, оцетот е природен омекнувач кој ќе ги направи вашите алишта уште помеки.

Постапка за белење на завеси, крпи, постелнина:

1. Во барабанот на машината со алиштата ставете половина шолја алкохолен оцет.

2. Измијте ги алиштата користејќи го истиот детергент како и обично.

3. По миењето закачете ги завесите да се исушат природно.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното