Дали знаете какви промени се случуваат во телото додека пливаме?

На многумина пливањето им е омилена летна активност, било тоа да е на базен, езеро или пак на море.

При пливање, освен што се опуштаме и уживаме, му правиме и доста добри работи на телото.

Водата е осум пати погуста од воздухот, па како таква има и поинаков ефект на целото тело. А, дали знаете како пливањето влијае на нашиот организам?

Во продолжение дознајте:

Една од најголемите надворешни промени можеме да видиме на кожата и тоа со голо око веќе после една недела или две, а тоа е дека кожата изгледа позатегнато.

Тоа се случува затоа што со пливањето се шират крвните садови, а тоа влијае на циркулацијата.

Во текот на пливањето се активираат и мускулите на целото тело, а споменатиот отпор на водата е посилен за разлика од воздухот. Со други зборови, пливањето е една од активностите која најбрзо ќе ја поттикне активноста на мускулите, а кога тие ќе бидат активни телото ќе согорува повеќе калории.

Одењето на море и пливање често се препишуваат на личности кои страдаат од болести на дишните патишта како астма. Но, тоа не е без причина. Во текот на пливањето ќе го промените ритамот на дишењето. Белите дробови ќе го зголемат волуменот односно најголемата количина на кислород кој можеме да го внесеме.

Исто така добро влијае и на работата на срцето. Срцето работи на циркулација на кислородот на крвта, а пулсот ќе се зголемува како ефикасно ќе го насочиме кислородот во мускулите. Со самото тоа мускулите добиваат повеќе кислород.

Исто така во текот на пливањето доаѓа до вдишување на повеќе кислород, а крвта која циркулира во крвните садови, доаѓаат и до мозокот, па така ви помага да бидете будни и концентрирани.