Децата во Приштина протестираат за заштита на животната средина

Сакаат повеќе зелени површини. И децата од Косово станаа дел од светската акција за климатските промени. Тие преку протест го кренаа гласот за заштита на животната средина со разни слогани и цртежи.

Протестот започна на плоштадот „Захир Пајазити“, а продолжи кон плоштадот „Скендербег“ пред владината зграда на Косово.

Децата велат дека сакаат повеќе зелени површини, да има алтернативни извори за снабдување со енергија, и истовремено посакуваат оваа иницијатива да влијае и да предизвика радикална промена.

Грета Тунберг, основач на движењето „Youth Strike for Climate“ е номинирана за Нобелова награда за мир, само еден ден пред најголемата глобална акција за климатски промени. 16-годишната девојка, во август започна протест во Шведска и оттогаш мотивираше многу ученици и студенти низ целиот свет.

Штрајкот на младите за климата, ги повикува учениците секој петок да ја бојкотираат наставата и да протестираат за климатските промени.

Извор: ТВ21