Поврзи се

4NEWS.mk

Џафери: 8 Септември e најзначајниот ден за развојот на нашата држава

Published

on

– Заедно како семејство треба да се справуваме и да растеме со сите предизвици и кризи, а 8 Септември е најзначајниот ден за раст и развој на нашата држава, вели во честитката собранискиот претседател Талат
Џафери по повод Денот на независноста.

-Текстот продолжува по рекламата-

– Заедно, растеме, се справуваме секојдневно со секакви предизвици, ситуации, кризи од секаква природа, и тоа го правиме заедно, како семејство затоа што тоа е најдобриот начин, така сме најсилни, и така сме непобедливи. Ниту еден предизвик не е доволно голем за моќта и нескршливоста на единството, па дури ни пандемијата на КОВИД – 19 која надвиснала над целата Земјина топка и ги става на тест здравствените и економските системи на државите. Ќе го надминеме и ова, заедно, сплотени, со целосно почитување на здравствените и други протоколи, иако тоа значи целосно менување на нашиот воспоставен начин на живот каде топлата прегратка е најдобриот лек за секоја тешкотија. Ќе продолжиме да праќаме добри, позитивни мисли кои ќе шират енергија која обединува и дава сила. Иако школското ѕвоно оваа година ќе ѕвони подоцна и поинаку, на сите ученици и студенти им посакувам успешна учебна година и желбата за знаење нека им биде единствен патоказ низ животот.

Републиката, низ годините, доживеа и преживеа низа кризи, дури и конфликт, меѓутоа, секогаш го знаеше својот пат и правец и целта која ја имаше како водилка на тој пат. Доказ дека е на вистинскиот пат е и овогодишниот огромен успех, полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, моќниот воено-политички сојуз, и тоа е успех за нас, за безбедноста и сигурноста на државата. Продолжуваме понатака, кон следната цел, кон следниот успех, полноправното членство во Европската Унија. За тој сон да стане реалност, мораме да ја задржиме истата динамика, истиот жар и посветеност и секако, верба дека ќе успееме. А ќе успееме ако изградиме силни, функционални институции кои во секој миг, во секој агол од оваа наша прекрасна татковина, ќе работат и придонесуваат подеднакво, искрено и транспарентно, ќе ги третираат нашите граѓани и нивните права на правичен начин пишува Џафери во честитката.

Loading...

 

Катерина Нешкова

Извор: Сител телевизија

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Венко Филипче за Сител: Од ноември можно зголемување на број на класови со физичко присуство

Македонија

МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

4NEWS.mk

Под посебни епидемилошки мерки, почна учебната година во Црна Гора

Македонија

Захариева: Добрососедските односи се критериум за членство во ЕУ, прашањето за Гоце Делчев мора да се реши

4NEWS.mk

Крводарителска акција со граничната полиција во Делчево

Македонија

Заев следната недела на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

4NEWS.mk

Најмалите ученици тргнаа на настава, но без ветената целодневна и со посебни протоколи

Македонија

Од огнено оружје повреден 16-годишник, приведен негов врсник

4NEWS.mk

Лејкерси го добија првиот финален меч против Мајами

Македонија

Проекциите полоши од 2009-та и 2012-та – економијата сериозно погодена, но банкарскиот систем стабилен

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com