Џеј беше по потекло од Ресен и во пандемијата од коронавирус им помагаше на гладните!

Додека неговите богати колеги летово трошеа многу пари во други држави, пејачот Џеј Рамадановски, во Белград се грижеше за своите сиромашни сограѓани во екот на пандемијата.

Тој купуваше сè што останало за јадење низ пекарниците и им го даваше на оние кои немаат за леб. Како што изјави летово за „Супер ТВ“, тој сè уште добро се сеќава на својот сиромашен живот, па не сака никој да живее така бедно.

„Секогаш пред крајот на смената околу 3 после полноќ, Џеј доаѓа и купува сè што ќе остане. Купува храна за сиромашните. Дури и кога беше болен, тој не се откажа од тоа, вели една продавачка, а Џеј скромно го потврдил тоа“, изјави летово Џеј.

„Ма, никој не смее да биде гладен, политичарите да се загрижат за состојбата“, порача тогаш Џеј.

Инаку, тој влече корени од Ресен, Македонија, а неговите баба и дедо, како чергари, се отселиле за Србија, веднаш после Втората светска војна.„

Јас секогаш ги честам луѓето кои немаат, не само јас, туку и моите драги пријатели од белградскиот Дорќол. Се сеќавам како мене ми беше порано, па сега им враќам на сите тие луѓе. Никој не смее да биде гладен, политичарите да се загрижат за состојбата. Јас секогаш велев, сиромаштијо и на Господ си му тешка! Зошто да не помогнам. Така сакам, така се чувствувам. Треба и моите други естрадни колеги да помагаат, не само да ги трошат парите и тоа најчесто на глупости“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното