Дијана Хрка примена во болница

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка кој загина при падот на надстрешница во Нови Сад, вечерва го напушти шаторот поставен недалеку од Собранието на Србија, каде штрајкуваше со глад, а според објави на социјалните мрежи, е примена во приватна клиника.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како Хрка, во придружба на ветерани кои беа со неа пред Собранието на Србија, во инвалидски колички и со маска на лицето, влегува во приватната болница.

Хрка, која од 2 ноември штрајкува со глад пред Собранието на Србија, изјави дека претходно денес ѝ била укажана лекарска помош и дека ако не се чувствува добро, ќе прифати интравенска терапија, но дека нема да се откаже од својот штрајк.