Поврзи се

4NEWS.mk

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Published

on

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 27.871,869 лица. Од нив починале 904.535, а оздравеле 19.931,836 луѓе.

-Текстот продолжува по рекламата-

– Регистрирани се два нови случаи на коронавирус во Кина, што е за 10 помалку од претходниот ден, соопшти денеска кинеската здравствена комисија. Како што се наведува, станува збор за увезени случаи, односно патници кои дошле од странство. Се додава дека бројот на асимптоматски случаи, кои не се вклучени во официјалната статистика, е намален, односно се евидентирани осум такви случаи.

– Во последните 24 часа уште 5.218 лица се заразени од новиот коронавирус во Русија, а 142 лица починале, објави рускиот кризен центар за борба против вирусот.. Според објавените податоци, просечниот дневен раст во изминатите 25 дена не надмина 0,5 проценти. Од почетокот на пандемијата, 1.041.007 лица во Русија се заразиле со вирусот, а таа земја е на четвртото место во светот според бројот на позитивни случаи.. Вкупно 18.135 луѓе починаа од вирусот во таа земја.

Loading...

– Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 341 новозаболен и три смртни случаи од последиците на коронавирусот, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Тестирани се 4.172 примероци. Бројот на моментално активни случаи е 2.587. Меѓу нив, 299 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Заклучно со 25 февруари, во Хрватска се регистрирани вкупно 12.626 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 206 починаа, а 9.833 се опоравија.

– Бројот на лица заразени со коронавирусот во Франција е зголемен за 6.544 во последните 24 часа, на 335.524, додека 39 пациенти починале како резултат на Ковид-19, вкупно 30.764 од почетокот на пандемијата.

– Бројот на заразени со коронавирусот во Бразил се зголеми за 14.297, додека 504 пациенти починаа како резултат на Ковид-19. Во Бразил досега повеќе од 4,1 милиони луѓе биле заразени со вирусот, а 127,464 починале. Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени, зад САД и Индија. Во однос на бројот на смртни случаи од последиците од Ковид-19, Бразил е на второто место, по САД.

– Во Чешка, во последните 24 часа се потврдени нови 1.164 случаи на коронавирус, што е најголем број на случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. Како што соопштија здравствените власти, по првпат од март, во Чешка се регистрирани повеќе од 1.000 случаи на коронавирус за еден ден.

– Во изминатите 24 часа, во Бугарија се потврдени 167 нови случаи на коронавирус, од 3.923 тестирани примероци, додека 15 лица починаа, пренесува БТА. Во Бугарија во моментов има активни 4.324 случаи на инфекција, а хоспитализирани се 762 пациенти. На одделите за интензивна нега има 57 пациенти.

– Во Романија се потврдени нови 1.271 случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени е 98.304, беше објавено денеска во Букурешт. Уште 51 пациент со Ковид-19 починале, пренесува Агерпрес. 4.018 лица починаа во Романија од почетокот на пандемијата.

– Во Албанија не се намалува бројката на новозразени со Ковид-19 во едно деноноќие, што потврдува и бројката од 151 новозразено лице, што речиси е костантна бројка во последните два месеца.

– Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло се зголеми меѓу здравствените работници во Венецуела, предупреди невладината организација Обединети лекари за Венецуела. Организацијата наведе дека вчера  се евидентирани девет смртни случаи на здравствени работници и дека од почетокот на пандемијата на вирусот починале вкупно 143 здравствени работници, пренесува Би Би Си. Според официјалните податоци, Венецуела има повеќе од 55.000 потврдени случаи на коронавирус и 444 смртни случаи. Меѓутоа, здравствените работници тврдат дека вистинските бројки се многу поголеми и дека малиот број на заразени и мртви е последица на малиот број тестови.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани три нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 1.514 лица.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се потврдени 219 новозаразени со вирусот и двајца починати пациенти, објави Институтот за јавно здравје, прецизирајќи дека биле спроведени 822 примероци. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 105, а од почетокот на годината 114.

Извор: Сител телевизија

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

УЕФА дозволи навивачите да се вратат на трибините

Македонија

Кога на кафе во Приштина без ПЦР тест?! Поделеност меѓу владините министри за отворање на границите

4NEWS.mk

Венко Филипче за Сител: Од ноември можно зголемување на број на класови со физичко присуство

Македонија

МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

4NEWS.mk

Под посебни епидемилошки мерки, почна учебната година во Црна Гора

Македонија

Захариева: Добрососедските односи се критериум за членство во ЕУ, прашањето за Гоце Делчев мора да се реши

4NEWS.mk

Крводарителска акција со граничната полиција во Делчево

Македонија

Заев следната недела на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

4NEWS.mk

Најмалите ученици тргнаа на настава, но без ветената целодневна и со посебни протоколи

Македонија

Од огнено оружје повреден 16-годишник, приведен негов врсник

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com