Поврзи се

4NEWS.mk

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот: Во Италија и Германија околу 8 илјади заразени за еден ден

Published

on

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 38.947.653 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.099.641 пациенти, а оздравеле 29.239.129 луѓе.

-Текстот продолжува по рекламата-

– Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени 819 случаи на коронавирус. Вкупниот број на инфицирани во Бугарија изнесува 26.593. Денешната бројка на смртни случаи изнесува шест луѓе, а од почетокот на пандемијата се починати вкупно 929.

– Во последното деноноќие во Словенија се потврдени нови 745 заразени лица со коронавирус, а едно лице почина. Со тоа вкупниот број на заразени во земјата изнесува 10.683, соопшти Министерството за здравство. Од минатиот петок во Словенија во сила се нови строги мерки во седум од 12 покраини, кои веќе се наоѓаат во опасна „црвена“ зона.

– Во Косово во последните 24 часа не почина ниту еден заразен од Ковид-19, така што бројката на жртви на епидемијата останува 650. Вчера се регистрирани 77 новозаразени и 59 излекувани, а од појавата на пандемијата коронавирусот е откриен вкупно кај 16.502 лицa, од кои како излекувани се водат 14.519 случаи. Активни носители на вирусот моментно во Косово се 1.333 лица. Вчера се извршени 649, а од почетокот на пандемијата 77.272 тестирања со методот РТ-ПЦР.

– Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Русија се зголеми за 286 во изминатите 24 часа, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата. Досега во земјата се починати вкупно 23.491. Во последното деноноќие се регистрирани 13.754 нови лица заразени со коронавирус. Вкупно 1.354.163 лица се заразени од коронавирус, покажуваат податоците на оперативниот штаб за борба против Ковид-19. Од почетокот на пандемијата во Русија се оздравени 1.048.097 пациенти.

– Во Холандија се потврдени нови 7.791 случај на коронавирус, што е најголем број на заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти холандскиот Институт за јавно здравје. Поради зголемениот број на инфицирани лица, холандската Влада донесе одлука за воведување делумен карантин со цел да се забави ширењето на заразата, која стапува во сила од денеска. Во Холандија од почетокот на пандемијата од Ковид-19 заболеле 203.954 луѓе.

– Во Италија во последните 24 часа се потврдени рекордни 8.804 новозаразени со коронавирус. Тоа е голем пораст во однос на вчера, кога беа 7.332. Бројот на починати во последното деноноќие изнесува 83 лица.

– Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 211 новозаразени и четири смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје. Најголем број новозаразени и понатаму се од Подгорица – 93.

Извор: Сител телевизија

Совет за етика во медиуми

Македонија

Марковски: Една маска која беше 2 денари, сега се продава за 60 денари

4NEWS.mk

Стоилковски: Издадена е наредба за мое присилно приведување

4NEWS.mk

Последната фотографија од Амди Бајрам

4NEWS.mk

Седум тела во пратка од Србија пронајдени на пристаниште во Парагвај

4NEWS.mk

Првичните анализи готови – Имало ли коронавирус во Македонија и пред 26 февруари?

Македонија

Марковски: Шведска со денови има 0 заразени – следна сезона нема да имаат проблеми, си ја зачуваа и економијата

Македонија

Носење маски на отворено е штетно?! – „Беспотребна паника, имаат дијареа и мислат дека е ковид-19“

Македонија

Спорот не е Делчев ниту јазикот, туку депортирањето на Евреите од Скопје – Бугарија бара Македонија да ја превземе вината за бркањето на Евреите

4NEWS.mk

Левица бара декларација за односите со Бугарија и укинување на мешовитата комисија

Македонија

Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО Николовски во Клик Плус: Ќе побарам оставка од Лидија Димова!

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com