Претседателот на Република Српска Милорад Додик денес изјави дека во Република Српска очекуваат Европската Унија да го почитува Уставот и суверенитетот на Босна и Херцеговина, и ја повика Делегацијата на ЕУ во БиХ да се запраша кој го загрозува територијалниот интегритет и суверенитетот на БиХ.
„Сè потешко е да се разберат ставовите на Делегацијата на ЕУ во БиХ. Кој го загрози територијалниот интегритет и суверенитетот на БиХ? Зошто ни го поставувате тоа прашање? Прашајте се себеси. Очекувавме ЕУ да го почитува Уставот и суверенитетот на БиХ. Се откажавме од надежта“, рече Додик во објава на платформата X.
Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина претходно денес објави, во врска со одлуката на Народното собрание на Република Српска да распише референдум, дека пресудата на Судот на Босна и Херцеговина во случајот против Милорад Додик е конечна и обврзувачка и мора да се почитува.