Поврзи се

4NEWS.mk

Дополнителниот министер за финансии обвинува за ново непродуктивно задолжување

Published

on

 Првата аукција на државни записи за 2020 година на износ од 500 милиони денари со рочност од 12 месеци што се одржа денеска во Министерството за финансии е ново зголемување на јавниот долг, рече денеска на прес-конференција дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

-Текстот продолжува по рекламата-

Според неа, тоа што државните записи се со рочност од 12 месеци јасно укажува дека станува збор за тековно финансирање трошоци.

– Оваа власт во заминување и понатаму продолжува да ја задолжува државата. Повеќе од јасно е дека денешното ново задолжување ќе го зголеми јавниот долг, но она што мене повеќе ме загрижува е фактот дека ние имаме повторно задолжување за непродуктивни трошења, потенцира Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека не е инфромирана за денешното задолжување и не се согласува со истото.

– Денес се задолживме за некои трошења кои нема никако да влијаат на поквалитетен живот, ние денес ги задолживме нашите деца за работи кои нема ниту да го подобрат нивниот живот ниту да ја подобрат економијата, наведе Димитриеска Кочоска.

На прашање колку е нето задолжувањето со ова задолжување вкупно и колку пари излегуваат за раздолжување таа рече дека нема никакво раздолжување, а нето има 500 милиони денари нов долг.

Прашана во однос на нова еврообврзница, таа рече дека додека е техничка Влада не би потпишале, образложувајќи дека за толку краток период не би било возможно да се погледнат сите проекти кои би биле финансирани од тие средства.

– Кога имаме еврообврзница јасно треба да ни биде за што се задолжуваме, притоа секогаш мора да се водиме од фактот кога инвестираме да знаеме што инвестираме и какви ефекти имаме, имаме ли додадена вредност од тие капитални инвестиции или не. За еврообврзница дека се многу пари во прашање секогаш не се оди така едноставно за издавање, така да тука сигурно би требало многу подлабоки анализи, подетално да се погледнат сите проекти кои би биле финансирани од тие средства и во овој краток период тоа не е возможно да се направи, рече Димитриеска Кочоска. 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Откажани бараж натпреварите за Втора МФЛ

Македонија

Колепката само симбол за новороденчињата, столарството во исчезнување, младите немаат интерес за занаети

4NEWS.mk

Позитивни на коронавирусот 36 туристи кои пристигнале во Грција, мнозинството од Србија

Македонија

Отворени галериите, музеите и библиотеките, Националната галерија ќе му мери температура на секој посетител

4NEWS.mk

Вонпарламентарните партии ги изнесоа своите ставови

Македонија

Нема лек за Ковид-19, пациентите оздравуваат – Стевановиќ: Барајте помош кај лекарот, не е срамота да бидеш болен

4NEWS.mk

Кампањата продолжува, СДСМ е во Штип, ВМРО-ДПМНЕ во Струмичко, ДУИ во Желино

4NEWS.mk

Докторката која криеше дека е заразена со коронавирус се врати на работа во Кожната клиника

Македонија

Заев: За време на коронавирус Мицкоски беше во теретана, Мицкоски: Додека јас вежбав, вие крадевте

4NEWS.mk

Двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип пуштени на слобода

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија