Грчката крајбрежна служба вчера попладне спроведе спасувачка акција во морскиот дел на Неа Каликратија на Халкидики, по пријава за исчезната 63-годишна македонска државјанка. Жената подоцна била пронајдена на копно, во добра здравствена состојба.
Според официјалното соопштение од Крајбрежната служба на Грција, вчера во попладневните часови, властите во Солун и Неа Мудања биле известени за „63-годишна исчезната странска пливачка, во морскиот регион кај Неа Каликратија“.
Веднаш бил активиран локалниот план за итни случаи. Во акцијата за пребарување на морето биле вклучени еден патролен брод на крајбрежната служба и три приватни бродови, додека на копно трагале две патролни возила.
„Капачката беше пронајдена на копно, во областа на Неа Каликратија, во добра здравствена состојба и според нејзината изјава, не сакаше медицинска помош“, соопштија од Крајбрежната служба на Грција.