Едноставен трик кој веднаш ја намалува температурата во просторијата без да троши струја

Летата станаа неподносливи!

Секојдневно гледаме како температурите постојано растат и надминуваат 35 степени Целзиусови. Ако немате среќа да можете да ги поминете деновите на плажа, веруваме дека барате начини да се освежите во сопствените четири ѕида.

Климата е секако наједноставниот начин, но многумина не се големи љубители на овој начин на ладење. Доколку барате поприроден начин да ја намалите температурата во вашиот дом, еве еден генијален и пред се едноставен трик.

Се што ви треба е пластично шише од 1,5 литри кое ќе го наполните со вода и ќе го оставите во фрижидер преку ноќ. Следното утро, ставете го шишето на највисокото место во просторијата, на пример на шкаф или полица.

Ладно шише вода ќе ја излади просторијата и ќе ја намали температурата. Едно шише е доволно за соба од околу 20 метри квадратни, а доколку имате поголема просторија поделете две до три шишиња на различни делови од просторијата.

Ако поставите шише во секоја соба, успешно ќе ја намалите температурата. Можете исто така да ставите неколку шишиња во фрижидер и да ги менувате во текот на денот. Ова се препорачува кога има високи летни горештини.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното