Купувањето на ракетниот одбранбен систем Ц-400 од Русија „нема никаква врска“ со НАТО, ловците Ф-35 или безбедноста на САД, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објави Агенцијата Анадолија.
„Секој знае дека ова прашање нема никаква врска со безбедноста на НАТО, Ф-35 или САД“, рече Ердоган за време на посетата на провинцијата Дијарбакир во југоисточниот дел на земјата. Прашањето не е за Ц-400. Тоа е затоа што Турција презема акција по своја волја во однос на регионалниот развој, особено во Сирија“.
„Јасно е зошто Турција го купува овој систем за против-воздушна одбрана и како ќе го искористи“, додаде тој.
По долгогодишните напори за купување системи за против-воздушна одбрана од САД без успех, во 2017 година Анкара одлучи да купи руски Ц-400 системи.
Анкара, исто така, планира да купи 100 воени авиони Ф-35 од САД, откако очекува одобрување од Конгресот, а нејзините пилоти во моментов се обучуваат во воздухопловна база во Аризона.