ЕСМ го исклучи Марковски Компани и други две компании од јавни набавки поради сериозни прекршувања

АД ЕСМ – Скопје донесе одлука да исклучи три економски оператори од идните постапки за јавни набавки, поради „значителни недосатоци во исполнувањето на клучни обврски“ кои довеле до еднострано раскинување претходни договори. Одлуките се објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 167 од 14 август 2025 година.

Според објавата, од понатамошно учество се исклучуваат следните компании:

  • ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
    – согласно Одлука на Управниот одбор на АД ЕСМ бр. 02-7732/31/02 од 03.12.2024 година.
  • Ел-Те Инженеринг ДОО Скопје
    – согласно Одлука бр. 02-70/43/1 од 09.01.2025 година.
  • Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола
    – согласно Одлука бр. 02-8346/41/12 од 26.12.2024 година.

Причината за исклучувањето е, како што стои во документот, „значителни недосатоци во исполнување на клучни обврски во однос на претходни договори, што резултирало со еднострано раскинување на договорите“ од страна на ЕСМ.

Овие мерки значат дека компаниите нема да можат да учествуваат во јавните постапки на ЕСМ во определен период, согласно Законот за јавни набавки и внатрешните прописи на претпријатието.