Европската вселенска агенција сподели податоци за речиси 2 милијарди ѕвезди што ги собрала како дел од мисијата Гаја за создавање точна и целосна карта на галаксијата Млечен Пат.
Податоците ќе им помогнат на астрономите да разберат како се менувала галаксијата Млечен пат со текот на годините, врз основа на раѓањето и смртта на ѕвездите.
Новите информации за староста, масата, температурата и хемискиот состав на 2 милијарди ѕвезди објавени од Европската вселенска агенција може да се користат и за да се утврди која ѕвезда мигрирала од друга галаксија до Млечниот Пат.
Податоците на Гаја содржат повеќе од 800.000 датотеки на ѕвезди, како и планети, астероиди и други објекти во Сончевиот систем.
Од друга страна, познато е дека ѕвездите добиени со мисијата Гаја сочинуваат само еден процент од ѕвездите во галаксијата.