Поврзи се

4NEWS.mk

Фирма на Македонец во Бугарија внесувала сомнителен отпад од Италија

Published

on

Софиска фирма на Двајца Македонци Блаже Игнатовски и Горан Ангелов   се најде под истрага на бугарските власти поради увоз на  сомнителен отпад од Италија.

-Текстот продолжува по рекламата-

Се работи за компанијата  Блацион регистрирана во Буграија, во која содружници се и двајца италијански државјани. Испраќачот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино.

Отпадот во 25 контејнери пристигнал  во пристаништето Варна на 9 октомври. Според законот  фирмата увозник во рок од 90 дена требала да ја насочи пратката за царинење и достава или за реекспорт, но кога тоа не се случило реагирала Царината. При прегледот на контејнерите утврдено е дека содржината на отпадот не  е соодветна со докумнтите од декларациите.

Управителот Блаже Игнатовски за Сител вели дека во пратките нема ништо сомнително. Очекува тоа да се потврди и со истрагата на бугарските власти и анализата од експертите.

Содружник но не и управител во оваа фирма е Горан Ангелов , директор на депонијата Дрисла.

Во истрагата се вклучени обвинителството, царината и екоинспекцијата во Варна. Според бугарските медиуми засега нема приведени лица, но се бара соработка од македонските и италијански за разрешување на случајот.

Бугарското обвинителство поведе истрага под сомневање  за незаконско  управување со отпадот.  

Во мегувреме  истрага се води и против бугарскиот министер за животна средина, Нено Димов. Тој беше во притвор поради увоз на отпад и рестрикција на вода во градот Перник. Европските медиуми пренесуваат дека во тек е и операција италијанската полиција против  сицилијанската мафија  која наведуваат дека прави милионски бизнис со сторнирање на токсичниот отпад во  Бугарија.

 

 

 

 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ приморано гласале за „Северна“, во НАТО нема веќе да ја игнорираат придавката, а ќе се борат против корупцијата

4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

4NEWS.mk

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

4NEWS.mk

МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје

4NEWS.mk

Патеките и летниковците на велешко езеро „Младост“ од годинава секојдневно ќе се одржуваат

Македонија

ВИДЕО: Со 80 „За“ и 6 „Против“ изгласан законот за јавно обвинителство

Македонија

Џеват Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Најдовте не -Mакедонка, жена, да ви го брани името Македонија, мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат

Македонија

Талат Џафери: Моментот кога ми се јави Никола Тодоров да ме праша во која канцеларија е Зијадин Села, ми остави најголем впечаток

Македонија

Дескоска до Милошоски: Тоа што го пуштивте пред некој ден не беше бомба, туку обична петарда

Македонија

Премиерот бара разрешување, Царовска молчи, Мизрахи вели не добила буџет од Владата за промена на таблата

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com