ФОТО Дачиќ добил писмо со три куршуми

На 29 август, Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија објави дека Владата на Србија примила писмо до министерот за полиција Ивица Дачиќ во кое се пронајдени три куршуми.

Министерството објави дека пликот бил забележан во четврток „за време на редовно сортирање на пошта“.

„За време на безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, во пликот биле пронајдени три куршуми“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Тие додаваат дека полицијата го идентификувала и го пронашла лицето кое го предало пакетот на 26 август во филијалата на Поштата на Србија во Пожаревац.

Тие не кажаа кој е осомничениот.