ФОТО Силно невреме во Албанија – повредени неколку лица

Невреме ја зафати цела Албанија и градови, вклучувајќи ги Тирана, Валона и Драч, дрвја беа урнати, некои патишта беа блокирани, делови од градовите беа поплавени или останаа без електрична енергија, а неколку лица беа повредени.

Најмалку 20 лица се пријавиле во Трауматолошката болница во Тирана поради повреди, пишува „Albanian post“.

Властите им советуваат на граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење во загрозените подрачја.