Поврзи се

4NEWS.mk

Г. Партениј: 1000 години Бигорски Манастир – 1000 години родољубие, преродба, светост

Published

on

Со синоќешната архијерејска Вечерна богослужба, на која молитвено претстоеше надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, почна одблежувањето на големиот јубилеј 1000- годинишнната од основањето на Бгорскиот манастр.

-Текстот продолжува по рекламата-

Пред почетокот на Вечерната богослужба, во храмот на Чесниот Претеча, Слово одржа Епископ Антаниски г. Партениј, во кое меѓу другото рече дека илјадагодишното наследство во коешто се слева текот на богослужбениот и аскетско-исихастичкиот живот, го направиле ова место плодотворна почва за обожение, Едемска градина за духовно наситување и за успокојување, прибежиште на душите изморени и обременети од гревот и светот.

-Во текот на десетте изминати столетија, Бигорски заблескал подобно на Горнатата одаја во Ерусалим, и во него секојдневно се слуша шумот на Педесетницата; оваа благословена падина на Бистра се открила како нова Таворска Гора, каде што преку зраците на Таворската светлина се преобразиле и осветиле многу души; реката Радика, пак, се покажала како некој нов Јордан, каде што непрестајно одекнува Претечевиот повик за покајание: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно – повик којшто силно одекнувал во нејзината клисура со векови, и оттаму се ширел како ехо низ нашите градови и села, рече г. Партениј.

Додаде дека кон богопрославеното бигорско илјадалетие, на наша чест, но и на голема одговорност, се додаваат и последниве две и половина десетлетија откако е возобновен монашкиот живот во него.

– Накалемено на духовната ризница на благодатта Божја, напластувана на ова осветено место со векови, нашето скромно монашко братство смирено ја продолжува мисијата на своите претходници, чиешто присуство од небесната Црква силно го чувствува и преку него се утврдува,рече тој.

Заради се она што го направил за манастрот, како и несебична помош и поддршка за прославата на великиот јибилеј, на г. Тимотеј му беше врачено највисокото милениумско одликување на Свештената Бигорска Обител – лента со ѕвезда и крст со ликот на Чесниот Претеча.

Во Бигорски денеска е централната манфестација на одбележувањето на Миленумскиот јубилеј. Тука е претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на одбележувањето.Тој беше пречекан од г. Партениј и традицинална мијачка гарда.

Почна и Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан,во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија. 

 

Извор: Сител телевизија

Совет за етика во медиуми

Македонија

„Затнат нос и главоболка се најчести први симптоми на коронавирус“, објаснува Софијанова во ClickPlus

Македонија

ВИДЕО: Еве како изгледа моментот кога силниот земјотрес го потресе Измир

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за хаос – Филипче: Со кој образ обвинувате, оставивте огромни долгови

4NEWS.mk

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски го враќа орденот на Каракачанов

Македонија

Спорот не е Делчев ниту јазикот, туку депортирањето на Евреите од Скопје – Бугарија бара Македонија да ја превземе вината за бркањето на Евреите

Македонија

Јани Макрадули ќе биде нов директор на Македонска пошта?!

Македонија

Брзите тестови за коронавирус стигнаа во Македонија

Македонија

Мицкоски: Нема изговори, ниту трпение, ако не знаат како, нека си ги спакуваат куферите, доста Македонија ги губи своите чеда

Македонија

Снаа нападнала свекрва во Ресен

Македонија

Двајца пратеници од СДСМ и еден од ДУИ поднесоа оставки!

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО Николовски во Клик Плус: Ќе побарам оставка од Лидија Димова!

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com