Пченкарното брашно или гризот има многу позитивно влијание врз целокупното човеково здравје. Палента не содржи глутен и се препорачува за сите возрасти.
Здравствени придобивки од палентата
Палента содржи природни масти, односно каротеноиди, а токму овие здрави масти се одговорни за нејзините моќи кои промовираат подобро и подобро функционирање на цревата.
Пченката содржи и голема количина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган.
Благодарение на пченката што ја содржи, палентата има многу мал број калории во себе, па затоа е идеален оброк за слабеење. Таа е една од најдобрите и најефикасните намирници кои се препорачуваат кога станува збор за диета.
Зајакнувањето на клетките на дебелото црево, исто така, е уште една предност што е забележана кај луѓето кои во своите редовни оброци вклучиле палента. Освен што ќе ги зајакне, палентата ќе има и антиоксидативно дејство на целиот организам, а не само на цревата.
Го намалува холестеролот благодарение на добрите масти кои ги содржи, како и влакната и сложените јаглехидрати. Палентата ќе ја спречи и појавата на вишок килограми.
Како правилно да се подготви палентата?
- Во тенџерето ставете 3 и пол чаши вода.
- После тоа, додадете малку масло и малку сол.
- Кога сето тоа ќе зоврие, намалете ја температурата на минимум и прелијте со една шолја пченкарна палента со постојано мешање.
Се препорачува употреба на дрвена лажица поради оксидацијата на металната лажица. Нема да погрешите ако додадете семки или зеленчук.