Звучи одлично, зарем не? Пластичните шишиња ги менуваат картите за превоз. Можете ли да погодите кои градови ја применуваат оваа идеја?
Некои градови своите граѓани ги наградуваат со карти за јавен превоз ако во замена тие им донесат пластични шишиња.
1. Пекинг има посебни автомати во метрото кои прифаќаат пластични шишиња како метод за плаќање.
2.Картата за автобус во некои индонезиски градови можете да ја платите со пластични шишиња. Во Сурабија добивате два часа возење со автобус за рециклирање на шише.
3. Во Истанбул жителите можат да разменуваат пластичен отпад за кредит на картичката во метро или некој друг вид на јавен превоз.
4. Сиднеј исто така има автомати за рециклирање на шишиња, а после ставање на пластика за возврат ќе добиете карта за во автобус или кино.
Иако многумина предупредуваат дека ова може да доведе до зголемување на продажбата на пијалаци во пластични шишиња, таква опасност веројатно не постои бидејќи луѓето секако купуваат вода и сокови, па подобро е шишињата да се рециклираат отколку да завршат во природа.