Ѓукановиќ и Пендаровски гледаат силна порака за регионот во посетата на Помпео

Црна Гора очекува Македонија за 15 тина дена да добие датум за преговори, а веќе наредните месеци да го формализира членството во НАТО, порача претседателот Гукановик кој на покана на неговиот домаќин Пендаровски го посети Скопје. Двајцата државници очекуваат позитивни сигнали во оваа насока и од државниот секретар, кој во рамките на својата турнеја деновиве ќе ги посети Подгорица, Охрид и Атина. За нив посетата на првиот човек на Стејт департментот на регионот е доказ дека САД се враќаат во овие подрачја на голема врата.

Очигледно ни е потребна помош и поддршка од американска и од европска адреса успешно да ги совладаме проблемите кои уште траат, да ја зајакнеме стабилноста, да ги реализираме реформите кои ќе помогнат да го усовоиме европскиот и евроаталнтскиот систем на вредности и да го достигнеме европскиот квалитет на живот. Во тој контекст многу е охрабрувачко засиленото внимание на американската администрација кон нашиот регион и ќе помогне во блиско време да ги надминеме проблемите пренесени од претходниот период и уште поодлучно да тргнеме на патот кон економскиот и демократскиот напредок.

И Пендаровски се надева дека европските партнери едногласно ќе дадат зелено светло за старт на преговрачакиот процес. И покрај заканите од бугарскиот државен врв за дополните условии рокови за македонските интеграции, не очекува блокада за датумот.

Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува  во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година, рече претседателот Пендаровски.

Односите меѓу двете земји, Гукановик и Пендаровски ги оценија како блиски, особено во соработката на економски и одбрамбен  план.

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното