HBO одлучи кој ќе го замени Милош Биковиќ во „Белиот лотос“

Бугарскиот актер и режисер Јулијан Костов доби улога во третата сезона на „Белиот лотос“, на местото на српскиот актер Милош Биковиќ.

Деталите за ликот што тој го толкува сè уште не се објавени, но Deadline претходно објави дека тој ќе игра руски инструктор по јога по име Валентин, ментор кој го подобрува животот во одморалиштето White Lotus со седиште во Тајланд, пишува EW .

Публиката на Кост најдобро го познава по улогите во „Сенка и коска“ и филмот „Токсичниот аванџер“.

HBO го раскина договорот со Биковиќ минатата недела, откако Министерството за надворешни работи на Украина ја осуди мрежата за ангажирање на српско-рускиот актер и го обвини дека ја поддржува руската инвазија на Украина.

„Дали е во ред да се соработува со лице кое поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право?“, твитна Министерството на HBO.

Во Србија, Милош Биковиќ доби огромна поддршка, како од неговите колеги, така и од родниот Драмски театар во Белград.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното