И стави крај на 62-годишната филмска кариера – се пензионираше познат актер

92-годишниот актер Клинт Иствуд на својот Твитер профил објави дека се простува од својата богата фимска кариера која трае повеќе од 60 години.

„Мислам дека она – грациозно да се остари, е многу важен талент. За мене е предоцна“, напиша Иствуд.

Покрај глумата, тој се занимаваше и со режија, а досега дури 5 пати ја освои наградата на Американската филмска академија, Оскар.

Клинт Иствуд се појави на големото платно во 1959 година, но почетокот на неговата кариера не бил толку блескав, односно поради лош договорот во тоа време тој имал многу ниски примања, па затоа морал да работи и други работи како пожарникар, продавач и спасител на плажа.

Започнал да глуми во каубојски филмови, бидејќи на продуцентите им изгледал како каубоец, па така се памети и познатата трилогија „Грст долари“ од 1960-тите, но и неговата улога како детективот „Валканиот Хари“ потоа.

Инаку, за време на неговата кариера тој честопати пробуваше да влезе и во политиката, а го поддржа и Доналд Трамп во неговата трка за Белата куќа.

Во 1986 година тој беше и градоначалник на мало градче Кармел-Бај-Д-Си во Калифорнија, а негов најголем успех тука било укинувањето на бизарниот закон за забрана за продажба на сладолед.

Најголемиот успех, сепак, му беше оној во 2004 година, кога доби четири од седум номинации за Оскар за филмот „Девојка од милион долари“. Тој во тоа време имаше 74 години и стана највозраасната личност досега, која освоила Оскар за најдобра режија.

Иствуд, инаку, беше пребирлив при изборот на улоги и одбиваше големи филмови, како оние за Супермен и Џејмс Бонд.

Неговиот последен филм е годинашниот „Нежниот Мачо“ (Cry Macho), од жанрот „нео-вестерн“, со приказна сместена во Тексас (САД), 1970-тите. Клинт Иствуд глуми, го режира и продуцира филмот, а прикажувањето е закажано за 17 септември оваа 2021 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното