Иако мислите дека е чист бидејќи секој ден го користите, сепак ова е највалканата работа во домот!

Според истражувањето кое го спроведе Филип Тјерно, клинички професор по микробиологија и патологија на њујоршкиот универзитет, највалканото нешто во куќата е кујнскиот сунѓер.

Иако звучки неверојатно, сепак се смета дека тој е повалкан и од даската на тоалетната школка и кантата за отпадоци.

„Сунѓерот има многу дупки во кои се задржуваат сите валкани нешта при чистењето, па дури и непосакуваните микроорганизми. При миењето на садови, парчиња храна остануваат заглавени во дупките од сунѓерот, а бидејќи сунѓерот останува мокар и полека се суши, на секои 20 минути се развива некоја нова бактерија, и на измиените чинии, ако се мијат со валкан сунѓер, се таложат бактерии бидејќи водата и течноста за садови не ги уништува. Затоа би требало сунѓерот по користењето да го дезинфицирате“, вели Тјерно.

Како да го дезинфицирате?

За дезинфекција најпогодни се избелувачите со хлор, а средството се меша со вода во однос 1:9.

Сунѓерот се става во мешавината од 10 до 30 секунди, а може и подолго, па на тој начин ќе се уништат сите микроорганизми.

Потоа сунѓерот се вади, се цеди и се остава да се исуши.

Бактериите можат да се отстранат и ако сунѓерот се потопи во чиста вода, па да се стави во микробранова печка се додека водата не зоврие, а потоа да се исцеди и да се остави да се суши.

Идеално за сунѓерот е по миењето на садовите да го менувате на десет дена, а притоа да го дезинфицирате секојдневно.