Свет
18,422,927
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21
Македонија
21,519
Вкупно активни случаи
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21
Македонија
1,699
Вкупно починати
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21
Македонија
37,505
Вкупно оздравени
Updated on 29/11/2020 16:21 16:21

Индустриското производство во септември со пад од 3,9 отсто, од почетокот на годината 12,1 отсто

Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември 2019 година бележи пад од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, бележи пад од 12,1 отсто.

loading...

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9,7 отсто, во преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 12 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за пет отсто и Капитални производи за 2,4 отсто.

Извор: Сител телевизија

НАШ ПРЕДЛОГ

Милан планира да засади три милиони дрвја за подобар воздух

Италијанскиот град Милано планира да засади три милиони дрвја за да го подобри квалитетот на воздухот и животот на жителите.

„Птицата со граната“ на Бенкси продадена за 170.000 евра

Сликата на платно „Птица со граната“ на мистериозниот британски уличен уметник Бенкси е продадена на аукција во Холандија вчера, за 170.000 евра. Како што соопшти...

Рикер му пиша на Заев: Решение за билатералните прашања да се бара надвор од интеграцијата на РСМ во ЕУ

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува дека Соединетите...
Skopje
few clouds
8 ° C
8 °
8 °
52 %
0.5kmh
20 %
Sun
8 °
Mon
6 °
Tue
4 °
Wed
7 °
Thu
9 °