Интересни факти за човечкото тело

Еве неколку интересни факти за човечкото тело кои ќе ве заинтересираат и подучат.

  • На храната ѝ се потребни 7 секунди за да стигне од устата до стомакот.
  • Просечен маж губи околу 40 влакна дневно, жената пак 70.
  • На човечкото тело му се потребни од 1000 до 1500 калории дневно само за нормално функционирање (дишење, варење на храната, спиење…)
  • За да направите само еден чекор, активирате 200 мускули.
  • Срцето на жената чука побрзо отколку на мажот.Палците на вашите раце се долги колку и вашиот нос.
  • Секојдневно телото на возрасен човек, создава нови 300 милијарди клетки.
  • Во просек, вдишуваме 23 000 пати дневно.
  • Бедрената (бутната) коска на човекот е поцврста од бетон.
  • Повеќето луѓе трепкаат 25 пати во минута.
  • Секој човек има уникатен отпечаток од јазикот.
  • Во човечкото тело има доволно железо за да се направи една мала шајка.
  • Во една година, срцето ни отчукува 40 милиони пати.
  • Кога киваме сите органски функции застануваат, дури и срцето престанува да чука.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното