Поврзи се

4NEWS.mk

Истражување на невладини: Во управен и надзорен само со партиска книшка

Членството во партија се уште пресудно за избор на членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија. Се одбираат по партиски списоци и без јавен оглас, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Јавен оглас се распишува само за избор на директор. Основачите на претпријатијата, односно Владата и општините немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи.

-Списоците за членови на Надзорни и Управни одбори се креираат во партиски кругови, бидејќи изостанува целосна транспарентност на процесот. Се разбира дека се доведува во прашање квалификацијата на овие кадри и се прашуваме кој бил критериумот, дали членството или бискоста до одредена политичка партија, а не нивната квалификацуваност да бидат на тие места на кои што треба да бидат. Со оглед на големите ингеренции што ги имаат Управните и Надзорните одбори ваквата состојба е секако неприфатлива, вели Сабина Факуќ од ЦГК.

Како членови на раководните органи се јавуваат секторски директори во други државни претпријатија, вработени во администрација, секретари на училишта, раководител на бензиска пумпа, сопственик на златарница…

Сепак, хонорарите кои ги добиваат варираат од претпријатие до претпријатие.

-Најнискиот надомест се движи од 800 денари по седница до 27.000 месечен надоместок колку што добива претседателот на Надзорниот одбор на МТВ. Високи надоместоци се констатирани во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор. Гледано на годишно ниво во одност на трошоците за надоместици, високо на листата влегува и скопското претпријатие „Водовод и канализација“, вели Факиќ.

Иако за потребите на истражувањето податоци биле побарани согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, само половина претпријатија доставиле целосни информации за биографиите на членовите на раководните органи.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com