Извештајот на ДИК пристигна во Собранието, се отвора патот за избори во четири општини

Конечниот извештај од Државната изборна комисија (ДИК) поврзан со локалните избори е официјално доставен до Собранието.

Според собраниски извори, со приемот на овој клучен документ, се исполнети сите административни и законски услови Претседателот на Собранието да ја донесе одлуката за распишување на нови, вонредни избори во четири општини во државата.

Доставувањето на извештајот од ДИК е формалниот чекор кој го овозможува почетокот на изборниот процес.

Се очекува Претседателот на Собранието да постапи во најскоро време и официјално да ги распише изборите. Ова е неопходно со цел целиот изборен процес, од почетокот на кампањата до денот на гласањето, да може да се организира и спроведе во рамките на законски предвидениот рок.

Со објавувањето на одлуката за распишување на изборите во Службен весник, Државната изборна комисија ќе започне со подготовките и ќе го усвои роковникот за спроведување на изборните дејствија.