Предметите од СЈО се селат во Јавното обинителство.. Љубомир Јовески го прифати предлогот на Катица Јанева за преземање на предметите во судење, спроведените истраги и предистраги.
„Јавното обвинителство зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошното постапување предметите кои ќе му бидат предадени од специјалното јавно обвинителство. Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства“, информираат од ЈОРМ.
Од СЈО велат дека до крајот на работното време не добиле известување дека предметите ќе ги преземе јавното обвинителство.. Очекуваат решението да пристигне после празникот.. Обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред одлуката на обвинителството, рече дека за ставот на специјалното обвинителство дополнително ќе ја информираат јавноста.
Во меѓувреме, експертската јавност и обвинителите имаат спротиставени ставови за иднината на СЈО и предавањата на предметите. Дел од правните експерти сметаат дека специјалното обвинителство било злоупотребено за уривање на претходната власт.
Предавањето на предметите од СЈО во редовното обвинителство го одобрува академикот Владо Камбовски.. Вели дека тоа што не било регулирано со законот за СЈО, се уредувало со законот за јавно обвинителство.
Во законскиот рок за покренување обвиненија, СЈО процесираше 20 предмети. По јуни 2017-та, обвинителството отвори нови истраги и покрена едно обвинение..