Кога се споменува Google, првата асоцијација речиси на секој е сè уште моќниот интернет пребарувач. Сепак, сведувањето на Alphabet Inc., компанијата-мајка на Google, само на пребарување, е како да се гледа само во еден лист од огромна, разгранета шума. Во изминатата деценија, компанијата изврши длабока трансформација, позиционирајќи се не само како лидер во дигиталниот маркетинг, туку и како клучна инфраструктурна сила во областите на вештачката интелигенција, cloud и развојот на нови технологии.
Силната побарувачка за вештачка интелигенција придонесе финансиските резултати на „Alphabet“, да ги надмине очекуваните приходи. И покрај загриженоста за формирање на балон околу вештачката интелигенција, гигантот ги зголеми своите прогнози за капитални трошоци на 93 милијарди долари.
„Инвестираме за да ги задоволиме барањата на клиентите и да ги искористиме можностите низ целата компанија“, изјави извршниот директор Сундар Пичаи во извештајот за заработката.
Како растот го идентификуваа македонските инвеститори?
Анализата на Google покажува компанија која е во постојана состојба на еволуција. Нејзината сила не лежи само во еден производ, туку во длабоко интегрираниот систем каде секој дел го зајакнува другиот. Клучни се базите со податоците со кои располага компанијата.
Неодамнешните примери од домашни инвеститори покажуваат како правилното „читање“ на стратегиите на технолошките гиганти води кон конкретни резултати.
Клучот при инвестирање е да го видите тоа што другите не го гледаат во тој момент. Така, на 27-ми октомври 2025 година регистрирани се успешни тргувања со реализиран дневен профит со опции на Google (GOOG Call) која донесе профит од над +$617 (или +$849 во друг пример).


Овој вид на инвестирање, кој очигледно носи резултати, не е случајност, а најмалку игра на среќа. Тоа е директен производ на длабоко разбирање на пазарот, техничка анализа и стратегии за тргување со опции. Токму оваа потреба за финансиска писменост ја овозможува првата програма за едукација во инвестирање на берза, primeclass.mk, каде секој без претходно знаење може да започне и да стекне со успешни и реални стратегии.
Како Гугл веќе два пати го шокираше Волстрит?
Зголемувањето на приходите на Google Cloud од 34 проценти ѝ помогна на компанијата да остане еден од најбрзо растечките сегменти на Alphabet, искористувајќи ја зголемената побарувачка за инфраструктура базирана на вештачка интелигенција и услуги за анализа на податоци.
Одделот продолжува да го намалува јазот со своите поголеми конкуренти Microsoft Azure и Amazon Web Services, потпомогнат од силното усвојување на Vertex AI и неговите прилагодени чипови за AI наречени Tensor Processing Units.
Конкуренцијата на поширокиот пазар на вештачка интелигенција и услуги во облак се интензивира, при што конкурентите агресивно ги намалуваат цените и воведуваат нови можности за вештачка интелигенција.
Alphabet оваа година прво објави 75 милијарди долари трошоци во февруари, а неколку месеци, во јули ја зголеми прогнозата на 85 милијарди долари.