Караџиќ: Ова нема врска со правдата

Горан Петронијевиќ, адвокатот на осудениот Радован Караџиќ, за РТРС ги пренесе првите зборови на Караџиќ по изрекување на пресудата, со која е осуден на доживотна казна затвор за неколку дела.

-Ова нема врска со правдата, ова е само нивна правда – изјавил Караџиќ, а изјавата ја пренесе Петронијевиќ.

Првиот претседател на Република Српска, меѓудругото, е осуден и поради геноцидот во Сребреница.

Извор: ТВ21