Карти до 500 евра – Дино Мерлин закажа и втор концерт во Скопје

Популарниот балкански пејач Дино Мерлин распродаде еден концерт во Скопје, а сега закажа и втор.

Концертите се закажани за 27 и 28 декември од 20 часот.

Додека на 27 декември концертот е распродаден, на 28-ми пак можете да си купите карти со цена од 1550 до 4350, но доколку сакате ВИП Билет истиот ќе ве чини само 27.900 илјади денари.

Дино Мерлин, еден од омилените кантавтори на нашите простори и музичар кој стекна легендарен статус со својот глас, вонвременските хитови, незапирливата сценска енергија и незаборавните концерти, оваа зима пристигнува во Скопје, а состанокот со својата публика го закажа во четвтрток, 28 декември во Арена Борис Трајковски.

Публиката е воодушевена, социјалните мрежи се разгореа со коментари, сите сакаат да бидат дел од концертната турнеа „Mi“ која ги руши сите рекорди во регионот.

Од година во година неговите концерти го подигнуваат прагот на продукциските стандарди и бројот на посетеност.

Покрај најновите хитови и омилените песни од неговата богата четириесет годишна музичка кариера, публиката ќе има прилика премиерно да ги слушне некои од добро познатите хитови, ама во потполно ново издание. Додека пак визуелната естетика, специјалните сценски ефекти и највисоките продукциски стандарди ќе придонесат за врвната музичка магија по која се препознатливи неговите концерти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното