Ќе наполнеше 43 години: Денес е родена една од најголемите ѕвезди на музичката сцена!

Една од најголемите ѕвезди на музичката балканска сцена Тодор Тоше Проески е роден на денешен ден.

Тој денеска би наполнил 43 години, но за жал животот трагично го заврши на само 26 години.

Кој беше Тоше Проески?

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Имал блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.

Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал сè до истекувањето на неговиот договор во април 2002.

Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.

Загинал на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска, а посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното