Ќе се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин секој ден од 10 до 16 часот

ЈП Македонија пат подружница Скопје почнувајќи од утре ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово.

Од АМСМ информираат дека асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – 16.00 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин.

На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното