Поранешната манекенка и старлета Александра Накова пред повеќе од три години стана мајка на Леа, а откако се оствари во оваа нова улога, се пресели во родната Гевгелија каде што живее со своите родители и малата наследничка.
„Реализирањето како мајка е најубавиот период во животот, но воопшто не е лесно да подготвиш еден неискусен и невин живот да се соочи со светот и со сето она што доаѓа.
Сакам да ја научам да биде добра личност, да се бори за она што го сака, да биде фер со сите кои ја опкружуваат. Да го цени другарството, пријателите да не ги бира по изгледот, по облеката или по материјалните средства, да знае дека пријателствата доаѓаат во различни облици, величини, бои и мелодии.
Материјалните средства не можат да купат среќа, но да бидеме искрени, не може ниту да и’ наштетат. Сакам моето дете да научи да биде благодарно на она што го има и да им помага на оние на кои им е потребна помош”, објасни Александра.
Накова е инаку позната по заносните облини и провокативните фотки кои ги поставува, па така таа знае да го покаже она што го има.
Таа е уникатна, онака, како што само таа знае да го сервира сиот свој телесен раскош, нормално во различни костими за капење, во кои и тоа како има што да покаже – едноставно Накова зрачи со сексапил како ретко која друга Македонка.