Поврзи се

4NEWS.mk

Кочов: Моја најголема желба е да го вратам МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата

Published

on

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром веќе десетина дена се во тренажен процес, во обид полека да се вратат во посакуваната форма по принудната петмесечна пауза поради пандемијата со коронавирусот, кога и самата помисла на тренинг во сала беше нешто неверојатно недостижно.
 
Тренерот Ѓорѓи Кочов на располагање го има речиси комплетниот тим со кој ќе се обиде да дојде до посакуваните цели во новата сезона, без последното засилување, Тодрик Гочер, кој викендов треба да пристигне во Скопје. Атмосферата е фантастична, се работи „пеколно“ и тоа надвор, во теретана и во сала, бидејќи сите се решени да го дадат максимумот пред почетокот на ова најслаткото, периодот со натпревари.
 
„Чуството да се биде повторно в сала и да се држи тренинг е неверојатно и непроценливо. Мислам дека го сонував моментот кога повторно ќе слушнам чкрипење на патики, навистина бевме предолго оставени без таква можност. Пандемијата негативно се одрази врз целокупното човештво, а ние не бевме нималку поштедени, односно бевем директно погодени бидејќи нашето егзистирање од кошарката беше ставено под знак прашалник. Времето го искористив за следење онлајн-семинари, кои навистина ги имаше премногу. Дури и нашиот тренер Никола Велев имаше свое излагање, кое беше навистина одлично следено и оценето. Без разлика што бев оневозможен да држам тренинг во сала, секојдневно бев со кошарката по минимум 5-6 часа и сега сум нетрпелив сите нови работи научени овие месеци да им ги пренесам на моите кошаркари“, изјави Кочов.
 
Кочов и годинава ќе ги има најголемиот дел од играчите кои настапуваа и минатата сезона, а со седуммина македонски репрезентативци и четирите квалитетни странски засилувања, надополнето со неколкумина играчи од младинскиот погон стратегот на сино-белите верува во својот тим .
 
„Мислам дека имаме компактен и талентиран тим, кој очекувам да игра навистина добра кошарка. Верувам во спојот на талент и искуство и навистина очекувам сезона што ќе донесе радост како за сите нас, така и за армијата навивачи и симпатизери кои стојат зад клубот“, истакнува Кочов кој за очекувањата во претстојната сезона вели „Моја најголема желба е да го видам МЗТ Скопје Аеродром во АБА-лигата. Покажавме голема константност во АБА2 и домашното првенство изминативе години, меѓутоа тоа што не сме регионални прволигаши ми е голема болка. Само посакувам да сме здрави, првенството да се игра и конечно да го зададеме последниот удар и сликата да биде целосна, а со тоа и нашето оддолжување кон клубот, кој ни дал шанса биде целосно“.

Извор: Сител телевизија

-Текстот продолжува по рекламата-
Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Партиите со спротивни оценки за новиот пакет мерки

Македонија

Средства за дезинфекција со поминат рок – Директорот Стојанов: „Не ги користевме“

4NEWS.mk

Тема на ден со доктор Каменов: Имунитет или рестрикции – како да се заштитиме од корона?

Македонија

Во Кичево само едно основно училиште со дозвола за настава со физичко присуство до деветто одделение

4NEWS.mk

Утре пресуда за Миле Јанакиевски за случајот „насилство во Центар“

Македонија

Бошњаците го слават 28-ми септември – нераскинлив дел од мултиетничка Македонија

4NEWS.mk

Ќе има ли К-15 оваа година – кој се ќе може да не исплати?

Македонија

Се дискутира за отворање на границите – Хасани: Наскоро на кафе во Приштина без ПЦР тест

4NEWS.mk

Како ќе се обезбедат стотици милиони евра за 4-от пакет антикризни мерки?

Македонија

13 деца и една негователка во изолација – министерката Шахпаска вели се е под контрола

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com