Колку шолји кафе можеме да испиеме во текот на денот?

За многумина кафето е омилен пијалок што го пијат во текот на денот. Сепак, треба да имате мерка кога е кафето во прашање.

Нема ништо поубаво од тоа кога ќе го испиеме првото кафе наутро, кое освен што не буди, делува и како диуретик.

Сепак, она што многумина не го знаат е колку шолји кафе се препорачуваат на дневна основа. За возрасен, тоа е 300 mg кафе, што е приближно 3 шолји кафе на ден.

Доколку испиете повеќе од споменатата количина, може да имате сериозни здравствени проблеми, како несоница, анксиозност, забрзано чукање на срцето, но и зголемување на крвниот притисок.

Меѓутоа, доколку вашиот омилен пијалок го консумирате до 300 mg дневно, тогаш и кафето може позитивно да делува, кога е здравјето во прашање. Интересно истражување за кафето

Студиите спроведени во европските земји покажуваат дека луѓето кои консумираат кафе имаат помал ризик од болести на дигестивниот систем, болести на црниот дроб и бубрезите.

Истражувањата исто така покажуваат дека кафето има невропротективни и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали ризикот од Паркинсонова болест.

Секако, кафето нема магично да ги спречи сите здравствени проблеми, но секако може да помогне.